Промовирани огласи »

Пензискиот фонд обезбедува стабилен приход за да се посегне по менување на пензискиот модел и да се направи раст на пензиите.

Ова го кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во 24 Анализи.

Тој истакна дека надлежните размислуваат да го сменат моделот за раст на пензиите бидејќи досегашниот не обезбедувал достоен раст на пензиите.

На крајот на минатиот месец, Битиќи изјави дека се подготвува покачување на пензиите „какво што не било досега“.

Сега, со усогласувањето, сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти. Се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време. Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега. Со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат. Сѐ додека правиме анализи, не можам да зборувам за бројки, но ќе биде поинаку од претходно, изјави вицепремиерот за економски прашања во гостувањето на телевизија Телма.

Промовирани огласи »

Скокнаа цените на трошоците за живот во јануари. Ваков месечен скок на цените не е забележан во изминатата деценија. 

Државниот завод за статистика објави дека трошоците за живот се зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти. Поскапеле чајот, кафето и какаото, потоа рибата и морските плодови, овошјето, пивото, виното, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи. Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.

Намалување на цените има кај воздухопловниот патнички транспорт, медиумите за снимање, обувките, парамедицинските услуги, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани. 

ССМ пресмета дека и минималната кошничка поскапела за 770 денари. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Минималната синдикална кошничка за јануари чинела 35.811 денари. Синдикалната кошничка ги утврдува минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство на месечно ниво. 

Таа е зголемена за 770 денари во споредба со декември 2021 година, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од оваа сума пари 15.317,93 денари или 42,77 отсто се трошат за исхраната и пијалаците, со 11.447,24 денари, односно 31,97 отсто учествува домувањето. 

Понатаму,  за хигиената се трошат 6,74 отсто или 2.415,09 денари, за превозот одат 2.652,27 денари, односно 7,41 отсто, за облека и обувки со 2.165,27 денари или 6,05 отсто, за култура 1.067,86 или 2,98 отсто и одржување на здравје со 745,34 денари, односно 2,08 отсто.

Најголем пораст на индексите на трошоците на животот е забележан  кај централното греење за домаќинствата за 14 отсто, електричната енергија за домаќинствата за 9,4 отсто. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 отсто, рибата за 3,5, свежото и разладеното овошје за 3,4, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2,5 отсто, велат од ССМ.

Минималната плата се зголеми на 18.000 денари. Од март месец, работниците не смеат да земаат помалку од 18.000 денари. Во земјава растат трошоците за живот. 

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие „Градски паркинг" ги информира граѓаните за поволностите што ги нуди за регулирање на паркирањето, особено за зона А8, Ц45 и Ц46. 

 Сакаме да ги известиме граѓаните дека цените за месечна дозвола за паркирање изнесуваат 4000 денари за физички и правни лица на зона А и 2000 денари на зона Ц. Потенцираме дека за лица вработени во институции, месечната дозвола е на износ од 800 ден. Со тоа им нудиме можност на вработените да ја регулираат услугата паркирање по поволни услови, се вели во соопштението од ЈП Градски Паркинг.

Оттаму ги повикуваат сите заинтересирани корисници кои се вработени во институции кои со адресите или подружници се лоцирани на една од горенаведените зони: Ц45 која се наоѓа во кругот на МРТВ, Ц46 која се наоѓа покрај кеј Димитар Влахов (МКЦ) и А8 лоцирана кај Стоковна куќа Мост, да се обратат во ЈП Градски паркинг – Скопје и да го регулираат паркирањето.

За тоа се потребни документи за тековна состојба од Централен регистар, потврда за редовен работен однос и сообраќајна дозвола (на увид).

Доколку сообраќајната дозвола не е на име на барателот, потребно е да се достави полномошно за управување на пмв заверено на нотар. Полномошното може да биде од исклучиво од роднина од прв наследен ред и тоа: сопружници, родители и деца, и лизинг.

За дополнителни информации граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 321 55 66, лок. 201 и 202 во период од 08:00-16:00 од понеделник- петок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »