На омилената дестинација во текот на летото, Грција, значително се зголемени цените на туристичките аранжмани. Според информациите, поскапувањето се должи на цените на енергенсите, кои ја зголемија цената, а со тоа и цените на речиси сите производи вртоглаво се зголемија. Така, во просек сместувањето во апартмани во Грција е поскапо за 15%, а во хотелите за 20%.
Турција изминатото лето ги зголеми цените, па годинава тие нема да се променат значително, а што се однесува до Италија, уште една популарна дестинација, се очекува да се отвори за влез на 1 мај, а експертите се речиси сигурни дека ќе има поскапувања.
Поскапувањето на туристичките услуги воопшто не ги изненадува економистите.
Мислам дека факторот што многумина го игнорираа е високата инфлација во еврозоната. Минатата година беше над пет проценти и кога имате таква инфлација може да очекувате да имате пораст на цените на услугите, особено во туризмот. Туристичкиот бизнис претрпе големи загуби во текот на 2020 година., во помала мера во 2021 година, а ова е година кога сакаат да го поправат и да се вратат на нормалниот режим на работа“, вели економистот Горан Николиќ, за Мондо.рс