Промовирани огласи »

Уживање во вкусовите на македонска традиционална храна, многу музика, базар на ракотворби и арт перформанс, ќе понуди годинашниот „ВиноСкоп" што ќе се одржува од 4 до 8 мај на плоштадот „Македонија" во Скопје.

Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, DNK Unplugged, Фиц Студени Нозе, Суперхикс, Мики Јовановски – Џафер, DJ Goce SAF и ЗЏМ Биг Бенд, се само дел од имињата задолжени за добро расположение, но организаторите најавуваат и други изведувачи, изненадувања и еден цел ден со многу блуз.

Манифестацијата се организира со поддршка на „Вина од Македонија".

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 % во однос на одлуката од 21.04.2022 година. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг. 

Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95    84,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98    86,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    84,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС            52,825 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините  за 1,579%, кај дизелот има намалување за 1,059%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,418% и кај мазутот зголемувањето е за 1,876%. 

Промовирани огласи »

Во последните две недели, веб сервисот Ценометар.мк забележа незапамтени до сега поскапувања кај многу производи во маркетите. Со оглед дека ова поскапување е систематско, сметаме дека не станува збор за инфлација, туку за координирана акција на поскапување на многу производи, под изговор на инфлацијата или нарушените синџири на снабдување.

Што е индикативно, многу маркети, за многу производи имаат исти покачени цени, дури без ниту еден денар разлика, што упатува кон монополско здружување. Нормално, ваквите непазарни активности ниту се познати за надлежните власти, ниту знаат каква акција да превземат. Затоа, веб сервисот Ценометар.мк во име на народот, ја превзема оваа должност да информира за овие непазарни, монополистички акции кои граничат со военото профитерство. За подобра илустрација, во прилог е просечниот раст на цените во најголемите трговски ланци во Македонија:

  • Кашкавали ајдамер и гауда – поскапување од 43 денари, монополистичка цена од 399 денари, скоро во сите маркети
  • Јајца – шаблон 30 – празнично поскапување од 48 денари во просек !
  • Мелено месо – пораст за 10 денари
  • Свинска кременадла – пораст за 15 денари
  • Говедско свежо месо – неверојатен пораст од во просек 84 денари!
  • Чајна – пораст во просек од 15 денари
  • Пиво – повторно поскапува во просек за 10 денари по литар!
  • Тоалетна хартија – 10 парчиња, трослојна – пораст во просек за неверојатни 42 денари!
  • Шеќер – незапаметен пораст од 16 денари во просек !
  • Јогурт – поскапување од 10 денари во просек !
  • Путер – поскапување од 10 денари во просек !
  • Домати – празнично – поскапување од над 50 денари !
  • Масло за јадење – просечно поскапување од над 40 денари !

Кај маслото за јадење, најсимптоматично е што – во маркетите каде истото се движи околу 2 ЕУР ( КАМ ) го нема на полиците, додека во маркетите каде истото е околу 2,5 ЕУР ( Кипер, Рамстор, Стокомак ) , истото е достапно да се купи.

Ваквото синхронизирано поскапување, на артикли кои не се поврзани со синџири на снабдување, ниту со инфлаторни притисоци, единствено може да се толкува како синхронизирано, преќутно, монополизирање на цените, на грбот на граѓаните. Нашите финансиски власти, ниту го разбираат концептот преку кој народот се пљачка, ниту знаат како да го спречат истото.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »