Промовирани огласи »

Ве информираме дека Кромберг & Шуберт се прошируваат со нова локација во Скопје.

Повелете на отворен ден со компанијата Кромберг & Шуберт во Скопје, на ден петок 06 мај со локација во Хотел Парк. Сите кои се заинтересирани да дознаат:

  • кои се Кромберг & Шуберт
  • какви услови за работа нудат
  • какви отворени позиции за вработување имаат во моментов;

се добредојдени на кафе дружење со претставниците на компанијата!

Официјален линк за настанот и повеќе информации ТУКА

Промовирани огласи »

Билетите за едно возење беа потреба на граѓаните кои беа воведени пред неколку години. Тие беа одлична опција за оние кои доаѓаат од други градови и имаат потреба од јавен превоз.

Еден хартиен билет, кој се поништуваше преку валидатор, чинеше 50 денари. 

Изминативе денови се повеќе граѓани реагираат дека овој билет веќе не е достапен за купување кај возачот на автобусот. Наместо тоа, добиваат совет за да платат со мобилен телефон, или од билетарница да го купат билетот кој чини 120 денари и важи цел ден. 

Во ценовникот кој е објавен на страницата на ЈСП билетот за едно возење постои во тарифникот. 

Сепак, граѓаните кои имаат потреба од само едно возење во денот, сега се принудени или да купуваат неперсонализирана картичка или дневен билет, кој би им излегол 70 денари поскап од она што им е реална потреба. 

Потсетуваме, преку мобилен телефон не можат да платат припејд корисници, кои се уште ги има во голем број меѓу граѓаните. 

Во делот за актуелни новости на веб-страницата на ЈСП не успеавме да најдеме соопштение за укинувањето на електронските хартиени билети за едно возење. Единствено можевме да пронајдеме Оглас за набавка на електронски билети за електронска наплата (објавено во март, со истечен рок), со што веруваме дека ЈСП наскоро ќе го повторат огласот и ќе ја вратат оваа корисна услуга за граѓаните. 

Промовирани огласи »

Цените на становите во првиот квартал годинава бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.

Во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот за 11,2 процента.

Извештајот на НБ за монетарните движења во март годинава покажува дека кај одобрените станбени кредити на физички лица е забележан месечен раст од  1,5 проценти, при годишен раст од 15,8 проценти.

Од вкупно издадените 250 одобренија за градба во март годинава, 138 се наменети за објекти за високоградба.

Во периодот јануари – декември  лани во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности  во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот. 

Промовирани огласи »

Од јули новите модели на автомобили ќе мораат да имаат вградено црна кутија налик на авионите кои ќе ги бележат однесувањето на возило за време на сообра ќајна не среќа.
Црната кутија ќе се се вика „Event Data Recorder“ (ЕDR).

Oвој уред ќе биде инсталиран во внатрешноста на возилото и ќе може да се прегледаат 5 секунди пред несреќата и три секунди после судирот.

Од 2024 година ЕДР ќе биде задолжителен за сите нови возила.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »