Промовирани огласи »

До Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пристигнаа првите барања од енергетсктие компании за цената на електричната енергија што треба да важи после 1 јули на регулираниот пазар. Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и ЕВН Хоум.

Овие барања пристигнаа во четвртокот. Ги анализираме и кога ќе имаме точни податоци од тоа која компанија што бара веднаш ќе ја информираме јавноста.  Она што веќе е сигурно и се знае е дека Електродистрибуција ја има завршено годината со 40-ина милиони евра загуба. Исто така и ЕВН Хоум ја има завршено годината со помеѓу 25 и 30 милиони евра загуба. Кога ќе ги добиеме податоците за МЕПСО ќе информираме и за МЕПСО, рече Бислимоски.

Нагласи дека во процесот на формирање на цената најголемо влијание ќе има набавката пред се на загубите на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа.

Кога ја носевме последната одлука калкулиравме со цена од 143 евра за мегават час надевајќи се дека ќе имаме стабилизирање на пазарот на електрична енергија. За жал, тоа не се случи и оние податоци што ги имаме денес на Унгарската берза предвидувањата за цените за јуни се 236 евра за мегават час, за третиот квартал од годинава 257 евра и за цела 2023 година 240 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека загубите на електрична енергија на Електродистрибуција од март до јуни ги обезбедува ЕСМ по цена од 143 евра за мегават час.

ЕСМ, додаде, ги обезбедува и загубите во преносната мрежа.

ЕСМ презема сериозен товар за да ги обезбеди овие загуби на електрична енергија по цена која што е далеку пониска од пазарната се со цел да се избегне зголемување на цената на електричната енергија. Дополнително, најголемо сериозно влијание врз цената ќе има тендерот за набавка на електрична енергија којшто треба да го организира ЕВН Хоум во јуни. Вообичаено на овој тендер се јавува ЕСМ и за првите шест месеци цената по која што ја обезбедува оваа електрична енергија е 41 евро за мегават час што е шест пати пониска од реалната пазарна цена, истакна Бислимоски.

Рече дека не е оптимист дека ќе има намалување на цените на електричната енергија под 200 евра за мегават час не само на регионалната берза, туку и на останатите европски берзи и додаде дека тоа ќе прави сериозен притисок на македонските компании кои се на слободниот пазар на електрична енергија.

Посочи дека ЕСМ во целост ги исполни своите обврски кон ЕВН Хоум во изминатите четири месеци по носењето на одлуката за цената на електричната енергија во декември со која што беше предвидено 100 проценти од потребите да бидат обезбедени од страна на ЕСМ.

РКЕ до крајот на јуни треба да донесе одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи до крајот на годинава. Во неа се признаваат оправданите трошоци што ги имаат енергетските компании.

Промовирани огласи »

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг – Скопје Бојан Христовски денеска ќе ја отвори кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!”.

Истовремено, како што соопшти претпријатието, ќе го претстави и анкетниот прашалник што од денеска ќе започне да се дели на корисниците на услугите на претпријатието.

Настанот ќе се одржи на јавното паркиралиште „Градска општа болница”. мс/лв/

МИА

Промовирани огласи »

Мекдоналдс соопшти дека ја напушта Русија и започна процес на продажба на своите ресторани во земјата, јави Би-Би-Си.

Гигантот за брза храна се одлучи на ваков чекор поради „хуманитарната криза“ и „непредвидлива работна средина“ предизвикани од војната во Украина.

Компанијата појасни дека ова значи дека поседување бизнис во Русија „веќе не е издржано“ или во согласност со нејзините вредности.

Во март, Мекдоналдс информираше за привремено затворање на своите околу 850 ресторани во земјата.

Промовирани огласи »

Цените на авионските билети летово ќе пораснат поради големата побарувачка за одмор во Европа, соопшти „Рајанер“. Шефот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири изјави за Би-би-си дека очекува цените на летовите да се зголемат за неколку отсто.

О’Лири вели дека пониските цени на авиобилетите моментално го поттикнуваат растот на бројот на патниците и на тој начин му помагаат на „Рајанер“ да закрепне од пандемиската криза. Тој се надева дека фирмата ќе има профитабилност во тековната финансиска година.

Компанијата објави годишен профит од 355 милиони евра и соопшти дека на закрепнувањето влијаат укинувањето на епидемиолошките мерки и војната во Украина. Војната во Украина ја зголеми цената на нафтата на глобално ниво, а неможноста да се увезе гориво за авиони од Русија создава дополнителен проблем.

Загубата на „Рајанер“ до 31 март беше помала од очекуваното. Минатата година компанијата мораше да се соочи со загуба од 1,02 милијарди евра.

Првиот човек на компанијата вели дека очекува до јуни цените да бидат пониски, но ако се суди по резервациите тие ќе бидат повисоки во текот на летото.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »