
ЕМБС: 5818494
Индустрија: Прехрамбена
Адреса: бул. Мајка Тереза бр.17
Град: Центар
Основана во 2001
Основна дејност на компанијата е производство и дистрибуција на болнички оброци и оброци за персонална исхрана. Како лидер и единствена компанија во оваа област секојдневно се произведуваат и испорачуваат приближно 5000 оброци дневно и тоа појадок, ручек и вечера како за болните така и за медицинскиот персонал.
Компанијата е лоцирана во кругот на Клиничиот центар „Мајка Тереза“. Производниот дел со придружни простории за потребите на овој процес се простира на површина од 2800м2, додека канцеларискиот дел зазема само 200м2.
Располагаме со сопствена пекара, месара, кујна, магацински простор и сопствен возен парк.
Производството и пакувањето на храната е централизирано, сите намирници се складираат и обработуваат со помош на најсовремена технологија и опрема, а припремата на орбоци се врши на високо хигиенско ниво и строго се контролира, како на влез на суровините така и на излезот како готов производ.
Моментално нема активни огласи.