Оператори во Спортски обложувалници, Тетово, Гостивар, Струга

За компанијата: Банана Кицк ДОО е нов ланец на спортски обложувалници со уплатни места во неколку градови во државата, а на скоро во сите градови и помали места. повеќе за компанијата »

БАНАНА КИЦК ДОО е ланец на спортски обложувалници кои со ново име и бренд за прв пат се на пазарот на игри на среќа,со повеќе локации на територијата на РМ. 

Во моментов имаат потреба од:

 

ОПЕРАТОРИ ВО СПОРТСКИ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ за реоните на Тетово, Гостивар, Струга

 

Основни обврски:

  • Прием на уплатa и исплата на добитни тикети,
  • Комуникација со играчи и давање потребни информации поврзани со услуги, резултати, услови и начин на играње,
  • Грижа за безбедност на парични средства, како и грижа за опрема и уредите на уплатното место,
  • Принтање резултати, дневни понуди и додатоци, уклучување пренос од спортски настани,
  • Работа со фискална каса,
  • Прием и проверка на роба и испратници од добавувачите,
  • Одржување хигиена на шалтерот, шанкот и уплатното место.

 

Потребни квалификации:

  • IV степен стручна спрема,
  • Одлично познавање на работа со компјутер,
  • Одговорност, лојалност, професионалност,
  • Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост,
  • Смиреност, сталоженост, комуникативност,
  • Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа.

 

Ние нудиме:

  • Нето плата 15.000 денари,
  • Пријатна атмосфера и одличен тим,
  • Убави услови за работа.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Banana Kick, Ве молиме Вашето CV(со фотографија) да го испратите на e-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]
Во насловот на меилот (subject) наведете го градот за кој аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 31.03.2018 година.Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните апликации нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »