Глобал Гаминг ДООЕЛ лого

Овластен сметководител

Глобал Гаминг, член на “Axel Capital“ групација, која работи на територијата на Македонија и Србија, моментално бара нов член во тимот на позиција овластен сметководител.

Како компанија под брендот “Winner успешно организираме игри на среќа на 22 локации во Македонија и Србија. Дополнително, инвестираме во иновативни проекти од областа на информатичката технологија со висок потенцијал за раст и развој, обезбедувајќи им капитал и нашето долгогодишно искуство. Ние, исто така, управуваме со портфолио на инвестиции во обновливи извори на енергија низ Балканот, вклучувајќи соларни панели, постројки за биогас и хидроцентрали.

Нашата успешна компанија има над 400 вработени, а поради нејзината динамичност и постојан раст, сега бараме амбициозен колега кој ќе му се придружи на нашиот тим на позицијата:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Опис на работно место

  • Книжење на финансиско-материјални документи.
  • Подготовка и пресметка на плати.
  • Подготовка и поднесување на ДДВ пријави.
  • Подготовка на завршна сметка согласно законските прописи.
  • Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива.
  • Примање на влезни и излезни фактури и нивна евиденција.
  • Префактурирање на трошоци, ликвидирање на фактури.
  • Подготовка на статистички извештаи.
  • Работа со благајна.

Услови

  • Завршено соодветно високо образование.
  • Поседување на уверение за овластен сметководител.
  • Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција со комплетно финансиско и материјално водење на сметководството (7 години).
  • Високо развиени аналитички, организациски и комуникациски способности.
  • Работа со сметководствени програми.
  • Одлично познавање на MS Office.

Нудиме

  • Приватно здравствено осигурување
  • Слободен ден за роденден
  • Предизвик, стабилност и можност за учење и напредување.
  • Тим билдинг активности.

Ве молиме Вашето CV да го испратите на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »