СЕГ Холдинг лого

ПОВИК ЗА ПРАКСА ВО СЕГ ХОЛДИНГ – СОРАБОТНИК ЗА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ И БРЕНДИРАЊЕ

  • Објавен на 8.2017
  • СЕГ Холдинг
  • Активен до 31.08.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

ПОВИК ЗА ПРАКСА ВО СЕГ ХОЛДИНГ – СОРАБОТНИК ЗА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ И БРЕНДИРАЊЕ

СЕГ Холдинг консултантска куќа

СЕГ Холдинг е растечка консултантска куќа активна во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и останатите земји од регионот. СЕГ Холдинг создаде нов модел на “направени по мерка” консултантски услуги преку посредување меѓу клиентите и најдобрите консултанти, постојано обезбедувајќи административна поддршка. Нашите проекти обезбедуваат квалитет во сите области, одржливост, постојано подобрување на постигнувањата и подобрување на организацијата. Во сите наши напори ние се грижиме за луѓето и околината во која што работиме.

За кого е наменета праксата?

Млади, мотивирани и амбициозни луѓе со завршено високо образование кои имаат познавање од областа на комуникации / односи со јавност / социјални медиуми / брендирање, и кои се спремни да му помогнат на СЕГ Холдинг во промоција на своите услуги. Бараме практикант кој е посветен и спремен напорно да работи, има до или пост дипломски студии од релеватното подрачје. Предност ќе се даде на кандидат со практично искуство, кој одлично владее со англискиот јазик и менаџирање на социјални медиуми.

Опис на задачи

  • Активно менаџирање на социјални мрежи (Facebook, LinkedIN, Twitter, Instagram);
  • Креативен пристап во обработка на фотографии за социјални мрежи;
  • Анализа на социјални мрежи;
  • Поддршка во промоција преку социјални мрежи;
  • Комуникација со јавност; и
  • Можност за креирање долгорочна одржлива стратегија за комуникација со јавност.

Холдинг има дефинирано правилник и програма за пракса, вклучувајќи и воведни инструкции и постојано менторство. Повеќе инфо за СЕГ Холдинг на: www.seg-holding.com

Што ќе добие практикантот:

  • Можност за практично учење и работење со социјални мрежи;
  • Работа во тим под менторство;
  • Можност за бесплатно учество на обуки за професионално усовршување;
  • Покриени трошоци за превоз и храна за времетраење на праксата;
  • Професионална и пријатна работна атмосфера, во самиот центар на главниот град.

Времетрање на праксата:

До 3.5 месеци започнувајќи од 15 септември до 30 декември 2017.

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV (со телефонски контакт) и кратко писмо за интерес, како и потврда за познавање англиски јазик, на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Апликација за пракса – соработник за социјални медиуми и брендирање“, најдоцна до 1 септември 2017, до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »