Frontend Developer

За потребите на нашата компанија, ПЕРУН ТЕХНОЛОГИИ ја огласува следната позиција:

FRONTEND DEVELOPER

Работни обврскикои се очекуваат од кандидатот:

  • развој на програмски код, според воспоставена методологија на работа;
  • учество при дефинирање на кориснички интерфејси и развој на компоненти (искажување идеи и нивна реализација);
  • развој на нови компоненти, како и анализа на постоечки компоненти од системот и подобрување на истите;
  • пишување на корисничка и техничка документација;
  • евиденција на работни обврски и почитување на крајните рокови

Потребни познавања, искуства и вештини:

  • високо познавање на React.js, Redux.js, Node.js, HTML, CSS и JavaScript;
  • Познавање на PostGIS, Oracle SDO, ArcGIS, qGIS
  • Познавање на алатки за мапирање OpenLayers, Leaflet.js
  • дополнително познавање на  Java, SQL (работа со бази на податоци) ќе се смета за предност;
  • добро познавање на Англискијазик;
  • добри комуникациски вештини,
  • иницијативност, креативност, како и способност и желба за тимска работа;
  • работно искуство од најмалку 2 години во бараната област ќе се смета за предност
  • познавање во имплементација на ГИС компоненти ќе се смета за предност
  • универзитетска диплома од областа на информатичките технологии ќе се смета за предност

Што нудиме:

  • пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија
  • поддршка за запознавање со работните процеси на компанијата, како и потребните проектни активности во кои кандидатот би бил вклучен
  • можности за професионален и личен развој во повеќе области

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00). Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и се заинтересирани, своите ажурирани професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: 

АПЛИКАЦИЈА ЗА FRONTEND ПРОГРАМЕР

Крајниот рок за аплицирање е: 30/10/2021

За аплицирање се покануваат само кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »