Оператор на производство во Сектор за готов бетон

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Production engineer

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Оператор на производство во Сектор за готов бетон

Избраниoт кандидат ќе бидe задолжен за учество во водењето на производствениот процес на готов бетон. Обезбедување соодветна работа на опремата, постојано следење на квалитетот на производот како и навремена испорака. Управување и контрола на производствениот процес согласно интерните барања како и барањата на клиентите. Во случај на дефекти на опремата да ги превземе сите неопходни активности за побрзо отстранување. Контрола на чистотата на возилата, учество во редовното чистење на миксерот за бетон, како и чистењето на останатите постројки и делови во бетоњерката. Во отсуство на лице од лабoраторија да земаат проби и да ги определуваат карактеристиките на свежиот бетон. Работата се одвива во две смени. Платата за работното место во нето износ е од 26.800 000 до 28.000 денари.

Потребни квалификации:

  • Средна стручна подготовка, IV степен, електро, машинска струка или гимназија
  • Претходно работно искуство од 1 година во соодветната област ќе се смета за предност
  • Искуство во машински и електро активности ќе се смета за предност.

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички и, комуникациски и организаторски спосбности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

1.    Мотивациско писмо

2.    Биографија (CV)

3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,

http://www.usje.mk, каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи или на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот] или во архивата на компанијата.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »