Aдминистративен асистент

За компанијата: Контура е студио за графички дизајн, кое нуди целосна услуга во областа на: креативниот дизајн, високо квалитетното печатење и професионалната доработка на производите. Создаваме креативни решенија за клиенти од широк опсег на индустрии и деловни субјекти. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 4 месеци
  • Контура
  • Активен до 09.02.2024
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +389(0)26146059
  • Веб: www.kontura.mk

​ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени компјутерски вештини и познавање на Microsoft Office програмите и интернет апликации
  • Активно познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација)
  • Организациски и комуникациски вештини и способности
  • Подготвеност за самостојна работа и работа во тим, согласно поставените цели
  • Навременост и почитување на рокови
  • Самоиницијативност, лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи
  • Желба за учење и надградување на знаењето
  • Професионален и позитивен однос
  • Претходно работно искуство во администрација ќе се смета за предност

ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:

  • Комуникација и дневна координација со други сектори
  • Прием и комуникација со клиенти
  • Прием на нарачки
  • Проверка на готови материјали со работните налози
  • Известување на клиенти за готови материјали и пробни примероци
  • Организирање испорака
  • Подготовка на понуди, испратници, фактури и слично
  • Финансиски задачи (размена на информации со сметководство, евиденција на побарувања и извршување наплата, усогласувања со клиенти)
  • Извршување на канцелариски и административни задачи
  • Следење на компаниските правила и процедури

ЗОШТО КОНТУРА?

  • Обезбедена обука за работа
  • 37 часовна работна недела (понеделник – четврток од 09:17ч. петок од 09:14ч.)
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Стабилност на работата и можност за раст
  • Пријатна атмосфера за работа

Ние ги цениме луѓето и сакаме да растете со нас. Да се работи со нас значи работење во динамична средина со млад и амбициозен тим каде што процесот на учење никогаш не запира.

Испрати го твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со напомена за Aдминистративен асистент.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »