Практична едукација за деловно работење и имплементација на HELIX ERP Софтверскиот Систем

  • Бидете најконкурентни при вработување со практично познавање на најзастапениот софтвер во Македонија
  • На најбрз и најпрактичен начин научете го работењето на било која трговска, производна или услужна компанија
  • Зголемете ја сопствената вредност и нивото на својот личен потенцијал!

Едукацијата ќе биде комплетно бесплатна. Сите учесници ќе добијат сертификат за стекнати вештини. Максимален број на учесници е 8, поделени во две групи по четворица. Наставата ќе биде, во наши простории, но и од дома преку интернет, организирана од искусни предавачи.

По реализација на селективно интервју, предност ќе имаат кандидати со:

  • Изразена емоционална интелигенција и особини на доследност и самоорганизираност
  • Предзнаења поврзани со деловно работење на една компанија или познавања на сметководствено работење
  • Позитивен, неконфликтен пристап кон извршување задачи и афинитет кон тимско работење
  • Познавање на MS Office пакетот (Word, Excel)

За истакната иницијативност и покажан успех, постои можност и за вработување.

При аплицирање во предмет на порака внесете: За практична едукација

Вашето CV испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Краен рок за пријавување: 31.03.2024

ZONEL Software
Програми за книговодствено, материјално и комерцијално работење
2401-204, 2402-274
[најави се за да го видиш е-маилот]
www.zonel.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »