ОНЕ АУТО лого

Продавач на користени возила

За компанијата: ONE AUTO ДООЕЛ Скопје е брзорастечка компанија специјализирана за продажба на квалитетни половни возила. Нашиот бизнис е изграден врз основа на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Возилата... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • ОНЕ АУТО
  • Активен до 23.05.2025
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.oneauto.mk
  • Facebook: линк
  • Instagram: oneauto_mk

🚗 Придружи ни се! ONE AUTO бара Продавач на користени возила

Друштво за трговија ОНЕ АУТО ДООЕЛ Скопје е брзорастечка компанија специјализирана за продажба на квалитетни половни возила. Нашиот бизнис е изграден врз основа на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Возилата ги набавуваме од проверени платформи во Франција, Италија, Белгија и Германија, и секое возило е сервисирано, регистрирано и со верификувана километража.

Поради проширување на тимот, бараме амбициозна личност за позицијата Продавач на користени возила.

Работни обврски:

  • Услужување и водење клиенти низ процесот на продажба
  • Презентирање на возилата и користење ефективни продажни аргументи
  • Вршење на тест возење со презентација на возилата
  • Одговарање на клиентски повици и барања
  • Подготовка на извештаи за менаџментот на компанијата

Барани квалификации:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Познавање на карактеристиките на возилата (брендови, модели, мотори...)
  • Вештини за продажба и ориентација кон резултати
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со MS Office
  • Минимум 1 година искуство во продажба (предност е авто индустријата)
  • Страст за автомобили и техничко знаење

Што нудиме:

  • Динамична работна средина
  • Можност за работа со странски партнери
  • Конкурентна плата и бонуси според перформанси
  • Професионален раст и можност за унапредување

Испрати го твоето CV и придружи се на тимот на ONE AUTO!

Само кандидатите кои ќе ги исполнат условите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »