За компанијата: Нашата цел е да внесеме топлина, позитивна енергија и благосостојба во вашиот нов дом/работно место.
повеќе за компанијата »СМС Шопс ДООЕЛ Скопје објавува оглас за вработување на хаусмајстор.
Ако сте одговорна личност со вештини за одржување на објекти, ова е вашата шанса да се приклучите на нашата динамична екипа!
Опис на работното место:
- Редовно одржување на објекти;
- Технички интервенции во случај на дефект (електрични, водоводни, браварски, столарски, градежни и други работи);
- Инсталирање и замена на опрема и инсталации, вклучувајќи светла, чешми, врати, прозори и слично;
- Следење и евиденција за потребните и нарачка на нови материјали и опрема;
- Водење евиденција на извршени поправки и материјалот потрошен за истите и доставување на извештај до претпоставен;
- Соработка со останатите членови на тимот за решавање на проблеми и организирање на работни задачи;
Потребни квалификации/вештини:
- Претходно работни искустви како хаусмајстор;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на електрика, водовод и други градежни работи;
- Способност за работа во тим, организираност и самостојност;
- Одлични организациски и комуникациски способности;
Напомена: Од наша страна, кандидатот ќе биде пријавен на редовно полно работно време со 40 саати работни во неделата.
Испратете ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Доставените документи ќе бидат третирани со доверливост.