Сервисер на Градежни Машини

Плата од 27.500 ден. до 35.000 ден.

За компанијата: ФИМАКО ДОО е специјализирана компанија за трговија и сервис на градежна механизација и опрема за изградба на патишта. Официјален застапник на Светски водечки производители на градежни машини: BOMAG, MARINI,... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2020
  • ФИМАКО ДОО
  • Активен до 30.01.2020
  • Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38922462048
  • Веб: www.fimaco.com.mk

Фирмата ФИМАКО ДОО од Скопје, има потреба за следната работна позиција:

СЕРВИСЕР/МЕХАНИЧАР НА ГРАДЕЖНИ МАШИНИ И ОПРЕМА, која вклучува:

  • Редовен сервис и одржување на Градежни машини (Валјаци, Финишери и Гребалки за асфалт, Вибро плочи, Компресори, Дизел Агрегати, Багери и друго),
  • Дијагностика (компјутерска) и отстранување на дефекти,
  • Сервисирање во магацин, како и на терен низ целата територија на Македонија.
  • Испорака и вградување на резервни делови.

Работната позиција, вклучува:

  • Редовна месечна плата,
  • Флексибилно работно време,
  • Службен телефон и автомобил
  • Обуки во странство,
  • Работа во тим 
  • Работа со врвни светски брендови во областа на градежната механизација.

Потребни Квалификации:

  • Мин. завршено средно образование
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на електрика,
  • Познавање на механика (или хидраулика)
  • Основно познавање на работа со компјутери
  • Мин. познавање на Англиски или Германски јазик
  • Возачка дозвола Б и Ц Категорија
  • Одговорност и самоиницијативност при извршување на работните задачи

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]      

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »