
За компанијата:
ФИМАКО ДОО е специјализирана компанија за трговија и сервис на градежна механизација и опрема за изградба на патишта. Официјален застапник на Светски водечки производители на градежни машини: BOMAG,... повеќе за компанијата »
ФИМАКО ДОО е компанија специјализирана за продажба и сервис на врвни светски брендови од областа на градежната механизација. Поради проширување на тимот, бараме мотивирана и одговорна личност за позицијата Сервисер / Механичар на градежни машини и опрема.
Работни задачи и одговорности
Редовно сервисирање и одржување на градежни машини и опрема:
- Валјаци
- Асфалтни финишери
- Гребалки за асфалт
- Виброплочи
- Компресори
- Дизел агрегати
- Багери и друга градежна механизација
- Компјутерска дијагностика и отстранување на дефекти
- Сервисирање во работилница и на терен низ целата територија на Македонија
- Испорака, монтажа и замена на резервни делови
- Техничка поддршка и советување на клиенти
Потребни квалификации
- Минимум завршено средно образование (машинска, електро или сродна насока)
- Познавање на механика, хидраулика и/или електрика
- Основно познавање на работа со компјутери
- Основно познавање на англиски или германски јазик
- Возачка дозвола Б категорија (Ц категорија ќе се смета за предност)
- Одговорност, професионалност и способност за самостојна работа
- Работно искуство е предност, но не е задолжително
Нудиме
- Редовна и конкурентна месечна плата
- Флексибилно работно време
- Службен телефон и службено возило
- Континуирани технички обуки во Македонија и странство
- Работа во професионален и динамичен тим
- Можност за професионален развој и напредување
- Работа со најсовремена опрема и врвни светски брендови во градежната механизација
Како да аплицирате?
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија (CV) на:
📧 [најави се за да го видиш е-маилот]
🌐 www.fimaco.mk
ФИМАКО ДОО Скопје – Ваш партнер за врвна градежна механизација и професионален сервис.
Слични огласи »