Експерт за кредитирање во филијала Куманово со познавање на албански јазик

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

ФИНМАК е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и најбрз начин.

Поради брзиот раст на компанијата нудиме одлична можност за вработување на

Експерт за кредитирање во филијала Куманово

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Работа со готовина
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален Супервизор

Профил на кандидат:

  • Пожелно е релевантно искуство од најмалку 1 година
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до сабота во две смени

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »