Агент(ka) за продажба во Битола

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер

(преземи го огласот во Word)

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

АГЕНТ(KA) ЗА ПРОДАЖБА во БИТОЛА

Датум на објава:

1 Февруари 2021

Рок за пријавување до

6 Февруари 2021

Број на оглас:

О-210201-МИ-АП

Дивизија:

МАРС

Регион:

БИТОЛА

Работни задачи:

Директна и индиректна продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,

Грижа за производи и купувачи за даден регион по стандарди на Алма-М,
Следење и известување за активности на пазар,
Грижа за наплата на побарувања,
Градење тимски дух и решавање проблеми во интерес на работењето,
и други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

Минимум завршено средно образование,

Флексибилност за работа на терен,
Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
Професионално однесување,
Организиран/а и аналитичен/а,
Мотивирана и стабилна личност,
Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
Способност за индивидуална и тимска работа,
Позитивен однос кон промени,
Познавање и работа со компјутери (MS Office пакет),
Поседување возачка дозвола Б – категорија,
Познавање на назначениот регион,
Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

Претходно работно искуство не е потребно.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »