Помошник готвач/ка

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.

DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

Помошник Готвач/ка 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование од областа на угостителство
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 година во угостителски објекти
  • Дополнителни обуки од областа на угостителството ќе се сметаат за предност

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Вредна и енергична личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Способност за  индивидуална и тимска работа и работа под притисок​

Работниот процес е организиран во  смени  40 работни часа неделно. Компанијата нуди редовни месечни примања, сите додатоци на плата, топол оброк за сите вработени, редовни тренинзи и можност за напредување.

Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите на следната адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат поканети на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »