ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ

За компанијата: Нашата приказна започна во 2012 година во Скопје, Северна Македонија. Во времето кога имавме само една машина за полирање една дупчалка и една пила работат со 3 вработени во хала од 100 метри квадратни. X-Star... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Заради проширување на производствени капацитети, имаме потреба од нови вработувања на баратели на работа, со завршени средни стручни или занаетчиски училишта, за вршење на работни задачи на работното место:

 

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

 

Работни задачи:

  • Вршење на различни задачи при инсталирање и одржување на објектот и на опремата за производство,
  • Вршење на итни поправки на опремата за производство при пријава како и планирани превентивни поправки и прегледи,
  • Останати сродни работни задачи и задолженија.

 

Потребни вештини, знаења и искуство:

  • Задолжително средно образование од техничките науки ( Електро/Машинска струка),
  • Претходно работно искуство во оддел за одржување во производствена средина,
  • Способност за читање на техничка документација,
  • Познавање на автоматика, електрика, механика, пневматика и хидраулика,
  • Искуство во работа со рачен, електричен и пневматски алат,
  • Подготвеност за работа во смени како и итна интервенција на повик,
  • Валидна лиценца за возење на виљушкар и моторно возило ќе се смета за предност,
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.

 

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;

 

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот] во делот на отворени работни места.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »