Бизнис адмнинистратор за деловни решенија

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДУНА ДОО:

Сервисер на мултифункциски уреди

(преземи го огласот во Word)

Вработувањe ДУНА

ДУНА д.о.о.

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии и во Албанија и Србија. Официјални партнери на Ricoh, Poly, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, Garmin, ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.             

За кого е наменето работното место?

Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, кои имаат искуство и познавање од информатичка технологија, работа со компјутерска опрема и уреди. Потребно е познавање на Word и Excel, англиски јазик како и основни вештини за корпоративен однос и комуникација. Познавање на други јазици е пожелно. Поседување возачка дозвола за Б-категорија е задолжително. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал. По завршување на ангажманот со одредено работно време, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.

Листа на отворени работни позиции

  • Бизнис адмнинистратор за деловни решенија – Комуникација со клиенти, состаноци и презентација на решенија, изработка на понуди

Што ќе добие вработениот:

  • Менторство во анализа, дизајн и изработка на решение;
  • Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата;
  • Пренесување на знаење од страна на нашите продукт специјалисти;
  • Професионална и пријатна работна атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење.

Времетрање на ангажманот:

Неопределено

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV (со телефонски контакт) или писмо за интерес на следната адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Пријава за вработување – бизнис администратор“. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »