ИМПЛЕМЕНТАТОР

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДУНА ДОО:

Сервисер на мултифункциски уреди

(преземи го огласот како слика)

 

ИМПЛЕМЕНТАТОР

 

ДУНА е комапнија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на корисниците и пласира IT решенија и идеи на пазарите во три земји. Воедно е и компанија посветена на креирање корпоративна култура која успешно умее да предизвика кај вработенте ентузијазам за работа, креативност и желба за постигнување успеси. Тој тим има потреба да се прошири, има потреба да дојде до имплементатор на софтвер, коj е:

 

  • Динамична и позитивна личност;
  • Поседува деловна етика и лојалност;
  • Спремен е за успеси;
  • Умее и сака да работи во тим;
  • Почитува рокови и процедури; 
  • Спремен е за лична и корпоративна континуирана надградба
  • Има возачка дозвола за Б категорија;
  • Има одлично познавање на ERP софтвер;
  • Има технички знаења кои вклучуваат познавање на функционалностите на ERP софтвер;
  • Познавање на основи на сметководство (материјално и финансово работење, основни средства, благајна)
  • Има познавање на правни процеси и термини;
  • Има напредни комуникациски способности;
  • Има презентерски способности;
  • Има способност да обучува;
  • Поседува способност да определи соодветен пристап за обука во зависност од возраста и образовниот профил на вработените кај корсникот на софтверот.

 

Имплементаторот во ДУНА е одговорен за  најлесно и најбрзо обучување на кадарот кој ќе го користи софтеврот. Одговорен е да комуницира со клиентите и соодветно да ги разбере нивните барањата. Одговорен е за креирање, обезбедување и чување на комплетна и уредна документација за секој проект посебно. Има обврска да прими барање и истото да го опише во барање за продажба или сервисирање. Континуирано се усовршува  и се обучува во својата област со цел ефикасно и ефективно да одговори на поставените задачи, ја спроведува  и одржува политиката на квалитет и политика за животна средина во процесот на развој. Го штити угледот на комапнијата и ги почитува интерните политики и корпоративна култура.

Имплементаторот во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок

Контактирајте преку достава на вашете CV на маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Имплементатор„ 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »