Техничар - логистичар

ХТЛ Македонија ДООЕЛ со седиште на ул. 50-та Дивизија 24-а во Скопје, е современа, иновативна и општествено одговорна компанија, една од придружните компании во состав на огромната интернационална групација Новоматик АД од Австрија, лидер на европскиот пазар за игри на среќа со свои подружници во 50 земји во светот. ХТЛ Македонија во 2019 година стана  добитник на престижното ,,Признание за почитување и унапредување на човековите права во бизнисот" .

Ако сте вредна и амбициозна личност, станете дел од нашиот тим на способни и ентузијастични луѓе. Потребно е да имате минимум средно образование (електро или машинско училиште ќе има предност), да имате основно ниво на познавање на англиски јазик и возачка дозвола Б-категорија.

Нудиме основна плата во висина од 24.000 денари, мотивациски бонуси, работа во пријатно опкружување, обуки, и развој преку динамична работа со можност за напредување што зависи само од Вашиот труд, залагање и ажурност. Работниот однос е на определено време во траење од 3 месеци, 8 часа работно време, само во прва смена од 07-15 часот, од понеделник до петок

Работни задачи на Техничар логистичар:

  • Утовар и растовар на автоматите за игри на среќа од царински склад во магацинот на ХТЛ Македонија;
  • Подредување, селектирање и евидентирање на сите автомати во магацинот;
  • Помага при припрема на автоматите (хардверско и софтверско сетирање на апарати според потребите на коминтентите, каблирање, вградување на дополнителни делови, иницијализација, тестирање) и утовар на истите во возило за нивни превоз кај клиентите;
  • Транспорт на автоматите за игри на среќа до клиентите;
  • Помага при поставување на автоматите по автомат клубови;
  • Помага во одржување и поправка на автоматите за игра на среќа (отклонување на дефекти и редовен сервис);
  • Внатрешна хигиена на автомати на игри на среќа;

Рок за избор по поминување на рокот за аплицирање е 15 работни дена, во кој рок, ако ја поминете првичната селекција, ќе бидете повикани на интервју.

Лице за контакт: Билјана Чкламовска 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »