Глобал Гаминг, член на “Axel Capital“ групација, која работи на територијата на Македонија и Србија, моментално бара нов член во тимот на позиција ситем администратор.
Како компанија под брендот “Winner“ успешно организираме игри на среќа на 22 локации во Македонија и Србија. Дополнително, инвестираме во иновативни проекти од областа на информатичката технологија со висок потенцијал за раст и развој, обезбедувајќи им капитал и нашето долгогодишно искуство. Ние, исто така, управуваме со портфолио на инвестиции во обновливи извори на енергија низ Балканот, вклучувајќи соларни панели, постројки за биогас и хидроцентрали.
Нашата успешна компанија има над 400 вработени, а поради нејзината динамичност и постојан раст, сега бараме амбициозен колега кој ќе му се придружи на нашиот тим на позицијата:
Систем Администратор
Опис на работно место
- Отстранување на хардверски и софтверски проблеми во службените канцеларии и на терен.
- Инсталација, конфигурација и администрирање на работните станици, мрежните уреди и софтверските системи во компанијата.
- Администрирање и надгледување на безбедносните компоненти.
- Поддршка на софтверските системи на корисниците во деловната мрежа.
- Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT услуги.
- Анализа и тестирање на нови софтверски системи.
Потребно искуство, знаење и вештини
- Искуство во софтверско администрирање на мали или средни компании и нивно доменско поврзување.
- Инсталација и конфигурација на Windows и Linux оперативните системи и нивните пратечки софтвери.
- Познавање на компјутерските мрежи и мрежните протоколи.
- Основно познавање на виртуелизацијата на оперативните системи.
- Познавање на стегање и поврзување на мрежните конектори (UTP, BNC, LSA Patch и слични).
- Пожелно искуство во поставување и сетирање на видео надзор.
- Пожелно искуство во управување со Ubiquiti и Mikrotik рутерите.
- Пожелно познавање на српскиот јазик – разбирање и говорење.
- Возачка дозвола “Б” категорија.
Нудиме
- Приватно здравствено осигурување
- Вреднување и наградување на вашата работа и залагање
- Слободен ден за роденден
- Тим билдинг активности
Ве молиме Вашето CV да го испратите на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]