Организатор на настани

(преземи го огласот во Word)

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Организатор на настани (Event Manager)

Aсистент за организирање настани (Event Assistant)

Конгресен Сервисен Центар (КСЦ) го проширува својот тим за потребите на своите клиенти и има потреба од вработување на Организатор на настани и Асистент за организирање настани.

Организатор на настани (Event Manager)

Работни задачи:

  • Закажување и одржување на состаноци со клиенти на кои им се потребни услугитете на КСЦ;
  • Подготовка на понуди за конференции, семинари, работилници, конгреси итн; 
  • Води евиденција на барања на клиенти;
  • Комуникација со подизведувачи за реализација на потврден настан;
  • Поддршка при реализација на настани на терен;
  • Пишување извештаи.

Асистент за организирање настани (Event Assistant)

Работни задачи:

  • Комплетна административна поддршка во работењето на Секторот за организирање настани;
  • Подготовка на фактури, комуникација со клиентите и следење на плаќањата на Секторот за организирање настани;
  • Подготовка на понуди за симултан и консекутивен превод;
  • Подготовка на статистичи извештаи поврзани со настаните.

Потребни вештини:

  • Проактивност и креативност во делот на оргазирање настани;
  • Самоиницијативност и одговорност;
  • Тимски играч.

Потребни квалификации:

  • Работно искуство од најмалку 2 години во организација на настани; 
  • Добар time managment;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Поседување возачка дозвола (важи само за Организаторот на настани);
  • Искуство на меѓународни проекти (ќе се смета како предност).

Работни бенефиции кои ги овозможуваме:

  • Работно време од 40 работни часови неделно;
  • Сигурни, редовни и конкурентни месечни примања;
  • Здрава и позитивна работна тимска атмосфера;
  • Работа со искусни професионалци;
  • Работа на национални и меѓународни проекти.

Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати да аплицираат со своја кратка биографија на следнава мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Повикот е отворен до 22 април 2024 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »