За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
повеќе за компанијата »Консултaнт за теренски посети на клиенти
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Работа со портфолио на клиенти кои се во фаза на доцнење и нивна комуникација
- Посета на клиенти (физички лица) на домашна адреса на територијата на цела држава, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
- ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
- комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
- Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
- Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови;
- На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор на оддел за теренско управување со кредитно портфолио.
Профил на кандидат:
- Искуство во теренска наплата се смета за предност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Вештини за преговарање и убедување;
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
- Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РСМ;
- Возачка дозвола Б категорија.
Услови од компанијата:
- Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
- Современа и најнова технологија;
- Атрактивен пакет на бонуси;
- Велнес програми и придобивки од попусти;
- Дополнително колективно осигурување;
- Можност за напредување;
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија;
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје
Поврзани огласи »