ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО ГОСТИВАР (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Гостивар, Група 1, ЕВН Македонија, објавува оглас за: 
 
 
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (Специјалист) во Гостивар (М/Ж) 
 
 
Работни задачи: 
 

  • Обработка на барања и поплаки од корисниците,
  • Планирање и проектирање на електроенергетски објекти, 
  • Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на  електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
  • Прием, обработка, чување и средување на документација, 
  • Контрола на приклучоци и мерни места. 

 
Потребни квалификации 

  • Електро-технички факултет - Енергетика, 
  • Познавање и користење на MS Office,   
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност, 
  • Способност за работа во рокови, 
  • Возачка дозвола,   
  • Исполнителност и одговорност,   
  • Флексибилност,   
  • Тимска работа.

 
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на  [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk најдоцна до 10.03.2018. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  
 
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!  
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »