Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Нејзин основач е Др. Миодраг Стојановски, а денеска компанијата ја води дипл.ел.инг. Оливера Стојановска. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме... повеќе за компанијата »

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник

Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот, МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (додатоци во исхраната), има потреба од

три (3) Стручни соработници (м/ж) со следните  квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
  • Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Организациски способности и вештини на планирање
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски

ЕСИ с.р.л. е компанија од Италија, која постои од 1975 година, и денес е најдобра во Италија и пошироко во производството на додатоци на исхраната (хербални производи), а кај нас е присутна на пазарот од 2004 година.

МЕДИКУС е  

  • успешна и стабилна компанија која постојано напредува
  • угледна компанија која сите ја почитуваат
  • каде има градење на тимски дух, пријатна, ведра, стимулативна и динамична атмосфера
  • каде ќе бидете почитувани и наградени за успехот во работата

МЕДИКУС е  компанија во која посебно се цени

  • самомотивираност и иницијативност
  • вложениот труд и одговорниот однос кон работата
  • стручната способност и амбицијата за стручно усовршување
  • одличната комуникација со колегите и клиентите

МЕДИКУС е  компанија која нуди

  • Солидна и мотивирачка почетна плата зависно од искуството
  • Службен автомобил, К15, годишен бонус, брзо напредување
  • Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 07:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од Понеделник до Петок.
  • Интересна и одговорна позиција во успешна компанија;
  • Позитивна корпорациска култура, високо компетентен тим и колегијалност;

Во колку сте подготвени да ги прифатите и со ентузијазам да ги извршувате следните обврски и одговорности:

  • Спроведување на предвидените маркетинг активности за презентирање на компанијата ЕСИ и нејзините производи, со посета на лекари и фармацевти во Скопје и на територијата на Македонија
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Градење на добри релации со клиентите и поднесување на извештаи за посетите на клиентите

Испратете ваша апликација за учество на конкурс за вработување со:
• резиме (кратка биографија) со фотографија,
најдоцна до 25.02.2023 година на маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.

Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »