ТД ИНФЕЛ ДООЕЛ О х р и д лого

Електромонтер на телекомуникациска мрежа - со и без работно искуство

За компанијата: ИНФЕЛ вашиот прв кабелски оператор. повеќе за компанијата »

Кабелскиот оператор Инфел – Охрид  в р а б о т у в а.

ИНФЕЛ-КТВ е првиот кабелски оператор на подрачјето на Општина Охрид,  денес располага со сопствена оптичко-коаксијална мрежа.

Стручниот тим е целосно посветен на развојот и  одржувањето на мрежата така да стабилноста и квалитетот на услугите се нашите главни адути.

Со користење исклучиво софистицирана опрема од брендовите како што се: Cisco, HP, Motorola, Mikro Tik, WISI и др., постојано се стремиме кон надоградба и имплементација на нови напредни технологии.

Во чекор со светскиот тренд на зголемување на брзината на широкопојасниот интернет  и зголемувањето на бројот на дигитални телевизиски канали тимот за техничка поддршка постојано се грижи за задоволстовото на нашите корисници.

Оптички кабел до домот (FTTH) е нашиот следен чекор.

Работно место: ЕЛЕКТРОМОНТЕР на телекомуникациска мрежа

  • Вработување на неопределено време;
  • Со или без работно искуство;
  • Доколку кандидатот нема работно искуство потребно е истиот да има желба за работа, постојано учење, лично и професионално надоградување. Во тој случај следи тромесечна обука од страна на вработени технички лица за соодветното работно место;
  • Времето предвидено за обука влегува во работен стаж на работникот;
  • Плата до 45.000,оо ден., во зависност од искуството, ангажирањето и резултатите од работењето;
  • Исплата на целосен регрес за годишен одмор;
  • Можност за дополнителни бонуси;
  • Работно време: Понеделник-Петок, 40 работни часа во неделата;
  • Прекувремени часови додатно се плаќаат.

Образование, искуство, вештини

  • ССС – електротехничка стручна спрема ќе се смета за предност;
  • Способност за тимска работа;
  • Претходно искуство во областа исто така ќе се смета за предност;
  • Вештини од електрични, инсталациски и други работи, работа на висина и други вештини ќе се сметаат за предност,
  • Возачка дозвола Б категорија исто така е предност.

Работни задачи и одговорности:

  • Монтажа на телекомуникациска инфраструктура на терен–према добиен налог;
  • Работа со електричен алат и инструменти за мерење, испитување и поврзување на телекомуникациска опрема;
  • Следење и извршување на работните задачи доделени од Раководителот;
  • Почитување на безбедносните процедури и стандарди;
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови.

 

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адрреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »