Оглас за вработување
на Дилер во Служба за средства
во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува Дилер во Служба за средства.
- Дел од работните задачи на Дилер во Служба за средства
- Врши меѓубанкарски трансакции на девизен пазар и пазар на пари во согласност со регулаторните и внатрешните ограничувања.
- Воспоставува и одржува односи со банките и клиентите.
- Го подобрува пазарниот удел на Банката на полето на производи од Службата за средства.
- Подготвува низа на анализи на пазарните случувања, предизвици, трендови и проспекти на домашните и меѓународните финансиски пазари.
- Подготвува и издава на редовна основа кратки информации, брошури и билтени за пазарите, од јавно достапните информации.
- Ги анализира тековните и потенцијалните клиенти на Банката со цел да им ги понуди постојните производи од Службата за средства.
- Ги нуди производите на Банката врз основа на утврдените, а незадоволените потреби на клиентите.
- Го зголемува обемот и пазарниот удел на финансиските производи и услуги што им се нудат на клиентите.
- Ги поминува сите ревизии.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Универзитетска диплома пожелно по можност по економија
- 2 години работно искуство, по можност на слично работно место на пазарот
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Високоразвиени аналитички вештини
- Добри организациски и комуникациски вештини
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “дилер”, најдоцна до 17.02.2023 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]