Електромонтер за телекомуникациски мрежи - со и без работно искуство

За компанијата: ИНФЕЛ вашиот прв кабелски оператор. повеќе за компанијата »

Инфел има потреба од ТЕХНИЧАРИ – за работно место електромонтер на телекомуникациски мрежи кои ќе му се придружат на нашиот тим во Одделот Телекомуникациска мрежа.

 

Работно искуство:

 - Не е задолжително

 - Пожелно е работно искуство во делот на поставување на коаксијални или оптички мрежи, нивно поврзување и мерење.

 - Лесно прилагодливи се техничари кои немале директен допир со телекомуникациска инфраструктура, но имале искуство со нискострујни инсталации (камери, безбедносни системи, аларми и слично)

 

Главни одговорности и задолженија:

 - Инсталирање на комуникациска и електронска опрема на терен

 - Монтажа на телекомуникациска инфраструктура на терен

 - Помошни градежни работи

 - Мерење на телекомуникациска инфраструктура

 - Грижа за материјалот за работа при извршување на работните задачи

 - Следење и извршување на работните задачи доделени од страна на Раководителот

 - Подготвување на извештај за извершените активности и укажување на проблеми при инсталација и монтажа

 - Почитување на безбедносните процедури и стандарди

 - Почитување на работните процедури и тимска работа

 

 Плата од 20.000 ден. до 35.000 ден.

 

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија на следнава е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »