ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, има потреба од вработување на следново работно место:

 

ВРАБОТЕН ВО ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Потребни квалификации, вештини и искуство:

  • ССС/ВСС;
  • Познавање на работа со компјутер и искуство со информациони системи од областа на човечките ресурси (евиденција на работно време, софтвер за персонална администрација и сл.);
  • Апликантите со претходно работно искуство во областа на човечките ресурси ќе имаат предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Поседување на возачка дозвола - Б категорија;

 

Работни задачи и одговорности:

  • Подготовка и администрирање на целокупната персонална администрација;
  • Ажурирање на базите на податоци за вработените;
  • Изработка на договори и анекси за вработување;
  • Асистирање во процесот на регрутација и селекција;
  • Изработка на решенија за годишен одмор и останати потврди за вработени;
  • Комуникација со Фонд за Здравствено осигурување, Агенција за вработување и останати надлежни институции;
  • Организација на транспорт на вработени;
  • Други работи доделени од работодавачот;

 

Што нудиме:

 

  • Конкурентни месечни примања;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
  • Организирана исхрана и превоз;

 

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на www.vanhool.mk.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

Краен рок за доставување на апликациите: 23/01/2020

КЛИКНИ