Специјалисти за комуникација на германски јазик

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

Специјалисти за комуникација на германски јазик

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе десет години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. За потребите на нашите клиенти од земјите со германско говорно подрачје, креираме тимови за деловна комуникација во различни области кои работат по највисоки професионални стандарди во индустријата.  

Заради зголемениот обем на работа во идниот период како и работа на нови проекти, отворени се нови позиции за специјалисти за комуникација на:

  • Германски јазик – повеќе работни позиции со скратено работно време од 17-21 часот.
  • Можност за работа од дома!

Задолжителни квалификации за оваа позиција се одлично говорење на германски јазик    (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен). Во апликацијата задолжително да се наведе јазикот за кој аплицира кандидатот.

Со резимето кандидатите треба да испратат пропратно писмо во кое ќе образложат како во досегашнот искуство го користеле германскиот јазик, дали и колку престојувале во земјата каде се зборува јазикот, како и останати релевантни информации поврзани со работното место за кое аплицираат.

Потребно е солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер.

За оваа позиција примањата се над просечните, а со договорот се предвидени бонуси и награди според јасно определени критериуми.

Заинтересираните требада испратат кратка биографија на нашата е маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .

Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш. Искористете ја можноста да се  приклучите кон професионален и мотивиран тим каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »