Специјалист за регрутација

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

 

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

 

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

 

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Одговорни сте за процесот на регрутирање на вработени
  • Ги поддржувате нашите супервизори во однос на нивните потреби за регрутирање, ги анализирате и давате конкретни предлози. Активно барате кандидати преку различни канали и мрежи за регрутирање. Помагате да се одреди стратегијата за регрутирање во консултација со колегите од Секторот за Човечки ресурси и супервизорите
  • Ги следите трендовите на пазарот на трудот, ги одредувате нашите целни групи и барате нови и/или креативни начини да пронајдете потенцијални кандидати
  • Управувате и ја контролирате нашата алатка за регрутирање на дневна основа со која објавувате нови слободни работни места, го следите статусот, ги преземате потребните активности и омуницирате со кандидати
  • Одговорни сте за прва селекција и спроведувате интервјуа за прием. Вие одредувате кои кандидати ќе бидат претставени на супервизорите на Одделите во компанијата, советувате за компетенциите и усогласеноста на кандидатите со културата на нашата компанија и очекуваните компетенции за посакуваната позиција
  • Ќе бидете вклучени во различни процеси и проекти од областа на човечките ресурси, особено поврзани со регрутирање, onboarding и развој

 

 

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • ВСС и најмалку 3 години искуство во регрутирање и селекција на вработени
  • Поседувате организациски вештини за да се справите со повеќе огласи за слободни работни места во исто време, односно сте добар мултитаскер
  • Комуникативни сте, можете течно да се изразувате на македонски и англиски јазик
  • Дискретност и лојалност
  • Сакате предизвици, енергични сте и ориентирани кон резултати
  • Можете да работите самостојно но исто така сте и тимски играч

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Краен рок за доставување на апликациите: 15.12.2022 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »