Соработник за книговодство

За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани... повеќе за компанијата »

Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.

Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.

ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:

Води, врши усогласување и контрола на книговодствените аналитички и помошни евиденции;
Врши контрола на исправноста на книговодствените податоци;
Изработува вонсудски спогодби и се грижи за нивна ажурна наплата;
Води и врши усогласување на аналитичките евиденции во врска со настанатите обврски, побарувања и нивна исплата;
Соработува во рекламациски постапки;
Врши усогласување со постоечките прописи и интерни упатства и предлага промени во работните процеси;
Соработува со останатите организациски единици во делокругот на подрачјето на работа;
Го следи подрачјето на работа и перманентно се дообразува.

МЕСТО НА РАБОТА:

Седиштето на Друштвото.

БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Средно образование од економска струка, но предност ќе имаат кандидати со високо образование;
  • Солидно познавање на Microsoft Office;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Подготвеност за континуирано стручно усовршување.

Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:

http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000004MXxV

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »