Техничар-унапредувач на продажба

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 04.03.2021
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Скопје

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [email protected]

објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

ТЕХНИЧАР-УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА

Датум на објава:

17 Февруари 2021

Рок за пријавување до

24 Февруари 2021

Број на оглас:

О-210217-МА-ТУ

Сектор:

Продажба

Локација:

СКОПЈЕ

Работни задачи:

  • Склопување, позиционирање, одржување, расклопување, отстранување, контролирање позиции и чистота на поставени сталажи,
  • Читање и изготвување на нацрти на позиции и сталажи,
  • Секојдневна посета на продажни места предвидени со дневна рута,
  • Запознавање купувачи со асортиман и цена на производи, рекламен материјал, карактеристики и предности, место на изложување, оптимални залихи,
  • Пополнување и праќање извештаи во електронска форма (Excel, Power Point),
  • Грижа за уредност, правилна употреба и решавање проблеми поврзани со рекламен материјал
  • Врши м’рчндајзинг според планограм,
  • Имплементација на маркетинг поддршки (летоци, настани, викенд акции...)
  • Следи конкуренција и предлага активности за минимизирање на нејзино влијание,
  • Исполнување на цели и координација со членови на тим,

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организирана, аналитичена, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [email protected] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 20.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.

Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.