Медицински претставници / соработници

  • Објавен на 5.2022
  • Vita-BiM DOO Skopje
  • Активен до 30.05.2022
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Цела Македонија

(преземи го огласот во Word)

 

 

4 МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИЦИ / ПРЕТСТАВНИЦИ

 

Компанијата VITA - BiM ДОО Скопје,нов и директен застапник за реномираната компанија VITABIOTICS, Лондон, Велика Британија, сака дополнително да го зајакне и имунизира својот тим со следните работни позиции:

-Стручен медицински соработник (м/ж) за Скопје

-Стручен медицински соработник (м/ж) за Централно-јужна Македонија

-Стручен медицински соработник (м/ж) за Југо-источна Македонија

-Стручен медицински соработник (м/ж) за Северо-источна Македонија

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики и иновации во сите области на работата.

 

Одговорности: 

• Спроведување на предвидените маркетинг активности

• Промоција и презентација на производи

• Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион

• Постојан професионален развој и стручно унапредување

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, ветерина, биологија, био-хемија, нутриционизам)
  • Одлични организациски способности и вештини на планирање
  • Одлични комуникациски вештини
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија)

Профил на идеалниот кандидат:

  • Место на живеење: според горенаведените региони
  • Подготвен за патување, тимски играч,ориентиран кон резултати и со големи очекувања
  • Работно искуство (на иста или слична позиција)

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте
  • Креативна работа со висококвалитетни производи
  • Пријатна и интересна работна средина
  • Конкурентен паричен надоместок
  • Обезбедено ново службено возило

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 30.05.2022 година на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »