(преземи го огласот како слика)

Ви претстојат трошоци, како да ги распределите? Имате планови за во иднина за кој ви е потребен поголем буџет? Како да дојдете до него? Како да управувате со месечниот буџет кој досега не ви бил доволен?
Обука за финансиски вештини, 30 септември, 10:00 - 16:00
На оваа обука учесниците ќе имаат можност да научат да:
- определуваат финансиски потреби;
- утврдуваат начини за намалување на трошоците со повторно -
- користење, рециклирање и поправка;
- ја сфатат важноста на штедењето и ќе идентификуваат цели за штедење;
- водат евиденција на сопствените парични средства;
- планираат сопствен буџет;
- знаат последици од долгови;
- изработуваат финансиски планови за својата иднина;
- управуваат со пари;
- планираат намалување на трошоци
Обучувач: Сања Стојчева, со над 13 години искуство како проект менаџер на ЕУ проекти.
Обуката е со времетраење до 6 часа со вклучена пауза. Котизацијата за оваа обука изнесува 1200 денари. Уплатата се врши на жиро сметката на ЦЕКОС - 240040106955428 Уни Банка. 50% ПОПУСТ за СТУДЕНТИ.
По завршувањето на обуката секој учесник ќе добие сертификат за учество. Рокот за пријавување е до 26ти септември 2017, со испраќање име, презиме и телефонски број за контакт на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
За повеќе информации можете да не контактирате на мејл [најави се за да го видиш е-маилот] или на тел. 078 345 700.