Сметководител/ка

  • Објавен пред 3 недели
  • МА Гаминг ДООЕЛ
  • Активен до 28.06.2024
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: admiralclub.com.mk

ОГЛАС 1:

Работна позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ

Времетраење:  Определено 3 месеци (со можност за продолжување), на полно работно време од 40 часа неделно

Број на слободни позиции: За 1 лице 

Регион: Скопје

Емаил : [најави се за да го видиш е-маилот]

Опис: 

Барате интересна и перспективна работа во успешна компанија? Бидете дел од успешниот тим во АДМИРАЛ КАЗИНО !!! 

МА ГАМИНГ ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија која брои повеќе од 700 вработени, дел од големото NOVOMATIC семејство, лидер во индустријата за игри на среќа и забавни игри.

Нашата најголема придобивка во повеќе од 15 години успешно работење се вработените кои благодарение на нивните вештини, посветеност и одлучност, заеднички ја креираат својата светла иднина. Нашите вработени со нивната посветеност и лојалност, се клучен дел од успесите и растот на компанијата во целост.

МА ГАМИНГ нуди:

  • работа во брзорастечка компанија ;
  • работа во млад, креативен и амбициозен тим ;
  • брза и динамична работа ;
  • отворен и чесен однос, добри меѓучовечки односи и пријателска средина ;
  • можност за професионално усовршување и напредување ;
  • јасно поставено скалило на одговорности и очекувања ;
  • можност за остварување бонуси и награди на месечната плата ;
  • законски надоместоци (регрес, минат труд, јубилејни награди, ноќен труд, сменско работење, работа во празник, работа во ден недела) и други надоместоци (склучување на брак, смрт во семејството, награда за најдобар работник во автомат клуб, новогодишна награда) ; 
  • право на 20 работни дена платен годишен одмор ;
  • награда за препорачан пријател ;
  • новогодишни прослави, забави за нови подружници и родендени на клубови, можност за учество на тим билдинг настани.

МА ГАМИНГ бара минимум потребни квалификации:

  • минимум завршено ВСС – Економски факултет ;
  • работно искуство минимум од 2 до 5 години во областа сметководство и финансии и задолжително поседување на лиценца за сметководител ;
  • познавање на MS Office пакетот и работење во Excel ;
  • познавање на Англиски јазик ;
  • возачка дозвола: Б категорија.

Дополнителни квалификации:

  • флексибилност и проактивност ;
  • друштвеност, комуникативност и позитивен став ;
  • самоиницијативност во секојдневната работа, тимска работа и способност за работа под притисок ;
  • умешност во решавање на конфликтни ситуации ;
  • чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност ;
  • прецизност и брзина во извршување на секојдневните работи ;
  • ведар дух, енергичност и смисла за хумор .

Кај нас ве очекуваат многу различни активности, предизвици, интензивна обука, Договор за работа во согласност со законот и атрактивна заработка. Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција, испратете го вашето CV на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака  за позицијата за кој аплицирате.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »