Комерцијалист за продажба - СКОПЈЕ

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

ЦЕРМАТ ДОО, како водечка компанија во државата со повеќе од 25 години искуство во областа на производството и продажбата на сладолед и дополнителен замрзнат асортиман Ви нуди вистински предизвик.
Доколку сте во потрага по работна позиција исполнета со комуникација, продажни предизвици и работни задачи, а воедно сакате личен и кариерен развој, пријавете се за работната позиција - КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА.

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС,
  • Задолжително поседување возачка Б категорија
  • Работно искуство во продажба ќе се смета за предност.

Одговорности и работни задачи:

  • Ги посетува објектите по однапред креирана дневна рута,
  • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и ширење на дистрибутивната мрежа,
  • Обезбедување на соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата,
  • Спроведување на дневни активности поврзани со остварување на претходно утврдените цели,
  • Утврдување и решавање на приговори и поплаки од купувачите,
  • Креирање и проследување нарачки

Како да аплицирате?

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови треба да аплицираат преку испраќање на CV (Резиме), со слика на следниот e-mail:   [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 30.11.2024 година.

Изборот на пријавените кандидати ќе се врши во рок од 15-30 дена по истекот на рокот за пријавување и во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, сте согласни Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »