Презентер и продажен агент

За компанијата: Најголем избор на високо квалитетни и економични клима уреди од најпознати светски и регионални брендови. повеќе за компанијата »

КЛИМИ.мк како реномиран бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување на продажниот тим објавува оглас за отворени работни места на позиција продажба во продажно/изложбениот салон лоциран во трговските центри Capitol Mall во Скопје - Аеродром и Ramstore Mall во Скопје - Центар.

ОПИС НА ЗАДАЧИ:

  • Директна презентација на производите од портфолиото на нашиот бренд.
  • Организирање на продажбата, реализација на зададените планови и таргети
  • Комуникација преку е-маил, телефонски и преку социјални медиуми на прашањата од страна на крајните корисници, обезбедување на потребните информации барани од страна на клиентите.
  • Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.

БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Минимум средно завршено образование
  • Одлични комуникациски и развиени презентерски способности
  • Познавање на работа со компјутери, интернет и социјални медиуми.
  • Посветеност кон работата и обезбедување на високо корисничко задоволство
  • Основно познавање на производите кои ги нудиме како што се резиденцијани клима уреди.
  • Познавање на Англиски јазик
  • Претходно работно искуство во областа на белата техника и/или климатизацијата ќе се смета за предност.

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV на следнава е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Конкурсот трае до 15.05.2021. по пристигнување на сите апликации ке се направи селекција на кандидати кои ќе бидат повикани на разговор/интервју. За повеќе информации може да не контактирате на 070 731 353.

Ве очекуваме!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »