ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ
ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“во Охрид.
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Накратко, Вашите работните задачи ќе се однесуваат на проектирање на градби и објекти од различни типови и категории, ќе координирате со другите одделенија во однос на изведбата и одржувањето на објектите, ќе изработувате техничка и други видови на документација како и неделни, месечни и годишни извештаи, тесно ќе соработувате со менаџерот за техника во однос на координирањето и извршувањето на работните задачи и ќе раководите со вработените во одделението за градежни работи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Потребно е да поседувате диплома за градежен инженер, да познавате градежни кодови и регулаторни стандарди, да сте одличен тимски играч кој може да работи под притисок, течно да зборувате англиски јазик и користите софтверски програми како AutoCAD, Revit, Adobe Creative Suite, Newforma, да имате технички вештини за цртање, познавање на законската регулатива од областа.
Предходно работно искуство како градежен инженер ќе се смета за предност.
УСЛОВИ
Работното време е административно, а дополнително Ви нудиме организиран превоз и храна.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР“
Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!