Оператор за телефонска наплата на долгови

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 

Оператор за телефонска наплата на долгови

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

 

Позицијата вклучува: 

  • Наплата на долгови со употреба на комуникациски тактики 
  • Менаџирање со голем број повици со корисници на дневна основа 
  • Одлична комуникација со корисници во однос на отплата на долгови 
  • Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување 
  • Користење стандардни методи и процедури за обезбедување навремена наплата 
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови 
  • Постапување по жалби и потреби на корисници 
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор за наплата на побарувања 

 

Профил на кандидат: 

  • Пожелно релевантно искуство од најмалку 1 година 
  • Познавање на англиски јазик и MS Office 
  • Вештини за преговарање и убедување 
  • Одлични комуникациски и продажни вештини 
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати 
  • Флексибилност за работа во смени од понеделник до сабота  

 

Услови од компанијата: 

  • Современа и најнова технологија 
  • Можност за напредување 
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето  Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »