МИАМ ГРУП ДОО Скопје лого

Менаџер на франшизен бизнис и малопродажба

  • Објавен пред еден месец
  • МИАМ ГРУП ДОО Скопје
  • Активен до 05.03.2025
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје

Опис на работата:

Менаџерот е одговорен за целокупното управување и организација на франшизниот бизнис и малопродажните локации, со цел оптимизација на бизнис процесите и подобрување на бизнис резултатите. Лицето на оваа позиција ќе биде клучен контакт за сите франшизни клиенти и ќе управува со бизнис односите со нив, координира активности и планира развој на бизнисот во согласност со бизнис целите. Исто така, ќе биде одговорно за оптимизација на бизнисот во малопродажните локации и ефикасно водење на тимот на терен.

Задолженија и одговорности

Организација на франшизна извозна документација:

  • Подготовка и организација на потребната документација за извоз на франшизниот бизнис во различни региони.
  • Обезбедување усогласеност со сите законски и регулаторни барања.

Координација со франшизните клиенти:

  • Одржување и развој на бизнис односите со постоечките франшизни клиенти.
  • Советување и поддршка на клиентите во врска со сите бизнис аспекти на франшизата.
  • Обезбедување дека сите франшизни клиенти се придржуваат до поставените упатства и бизнис стандарди.

Планирање на производствени капацитети според упатства од клиентите:

  • Координација со франшизерите за да се обезбеди навремено производство и снабдување согласно потребите на франшизните клиенти.
  • Следење на капацитетите на производствените линии и обезбедување оптимално снабдување со производи.

Подобрување на бизнисот на малопродажните локации:

  • Анализа и имплементација на стратегии за подобрување на оперативните процеси во малопродажните локации.
  • Оптимизација на бизнис моделите и идентификација на нови можности за раст и развој на бизнисот.

Развој на бизнисот на малопродажните локации:

  • Планирање и имплементација на стратегии за ширење на мрежата на малопродажни локации.
  • Следење на пазарните трендови, анализа на конкуренцијата и иницирање на иновации во бизнисот.

   Организација на работата и смените:

  • Организација на работните распоредите на вработените во малопродажните локации, обезбедување оптимална распределба на смените и задачи.
  • Водење на тимот и обезбедување висока мотивација и продуктивност на вработените.

Координација на набавка на суровини за малопродажбата:

  • Следење и организација на набавката на суровини и производи за малопродажните локации, во соработка со добавувачите.
  • Обезбедување навремено снабдување со суровини, намалување на залихите и оптимизација на трошоците.

Координација на маркетиншки кампањи:

Планирање, координација и надгледување на маркетиншките активности и кампањи за промоција на франшизата и малопродажните локации.

Соработка со маркетиншките тимови и агенции за развој на стратегии за зголемување на видливоста на брендот.

Потребни квалификации:

  • Возачка дозвола Б категорија
  • ССС/ВСС, пожелно од областа на економија, маркетинг или менаџмент.
  • Искуство во франшизно бизнис или малопродажба, најмалку 3 години.
  • Способност за водење тим и извонредни организациски вештини.
  • Добро познавање на пазарот, бизнис стратегии и оперативни процеси во малопродажба.
  • Развивање комуникациски вештини и способност за преговарање.

Лични својства:

  • Проактивност, самостојност и одговорност.
  • Ордиентираност кон резултати и постојано подобрување на бизнисот.
  • Способност за работа под стрес и управување со повеќе задачи.  

Оваа позиција бара личност која е организирана, комуникативна и фокусирана на долгорочен развој и успех на франшизниот и малопродажниот бизнис.

Телефон за контакт:  078 215 595

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »