Електромонтери

Плата од 27.500 ден.

За компанијата: Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата... повеќе за компанијата »

ОГЛАС за вработување на 6 лица – Електромонтери.

Компанијата за проектирање и изведба на фотоволтаични централи и системи

КМГ ЕОЛ КВАЗАР - Скопје има потреба од вработување на шест електромонтери.

 

ЗA НАС:

КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

 

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

  • Фотоволтаични инсталации во деловни објекти и приватни имоти
  • Oсновно познавање и ракување со рачен и електричен алат 
  • Поправки и отклонување на дефекти и испитување на инсталации
  • Полагање на кабли и поврзување на опрема 
  • Монтажа на панели, прекинувачи, приклучоци.
  • Монтирање на разводни ормани и спојување на истите 
  • Други електромонтажни работи 
  • Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
  • Работата вклучува и службени патувања

 

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Организираност, систематичност и темелност во работата
  • Навремено исполнување на обврските зададени по налог на претпоставениот
  • Кандидатот пожелно е да поседува возачка дозвола Б-категорија
  • Желба за тимска работа
  • Позитивен став и професионално однесување
  • Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа

 

ЛИЧНИ СПОСОБНОСТИ:

  • Внимание кон детали
  • Справување со конфликти
  • Флексибилност
  • Желба за надоградба и усовршување во областа

Почетна плата од над 28.000 денари.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното работно искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете го вашето CV на “ [најави се за да го видиш е-маилот] ”, со задолжителна назнака: “Апликација за електромонтер”.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »