КМГ ЕОЛ КВАЗАР лого

Електричари

За компанијата:

Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата... повеќе за компанијата »

Компанијата за проектирање и изведба на фотоволтаични централи и системи поради зголемен обем на работа, КМГ ЕОЛ КВАЗАР - Скопје има потреба од вработување на 5 (пет) електротехничари – електричари.

ЗA НАС:

КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно стручно образование – електротехничка насока
  • Пожелно работно искуство во изведба и одржување на електрични инсталации и фотонапонски централи
  • Познавање на работа со електрични шеми и електроопрема
  • Контрола на фотонапонски централи( исправност на DC и AC опрема и инсталација, визуелна инспекција на исправност на ФВ модули)
  • Одговорност, прецизност и тимски дух
  • Физички спремен за работа на висина
  • Возачка дозвола Б категорија (предност)

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Изведба на електро -инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и нивно оддржување)
  • Монтажа и поврзување на електрични инсталации
  • Монтажа и сервисирање на електроопрема
  • Дијагностика и отстранување на дефектиР
  • Работа на терен и во производствени објекти
  • Почитување на прописите за безбедност при работа

Нудиме разновидна и динамична работа во стабилна и професионална компанија,  можност за понатамошно лично усовршување и адекватна заработка во согласност со Вашето искуство и залагање, редовна и конкурентна плата.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »