Customer service Representative German language

За компанијата: Кои сме ние? Мајорел е глобален лидер во менаџмент на корисничо искуство Клиентите велат дека нашата агилна култура не прави посебни, што значи дека водење бизнис со нас е лесно. Како експерти во... повеќе за компанијата »

КОИ СМЕ НИЕ:

Majorel обезбедува корисничко искуство и задоволство во име на некои од најпочитуваните светски брендови. Обезбедува класична услуга на корисничка поддршка за бизнис клиенти, како и дигитални решенија во различни индустрии.

  • 400+ бизнис клиенти глобално
  • 36+ држави
  • 12+ години просечно партнерство со бизнис клиентите
  • 69 вработени глобално

Развивме уникатна компаниска култура каде што ќе се чувствувате згрижени, поддржани, слушнати и ангажирани во компанијата уште од првиот ден. Нудиме динамично работно место засновано на почит и меѓусебна доверба, каде што секој има глас и има удел во одлучувањето. Сега сме во Македонија со нашите сосема нови канцеларии и нов тим од професионалци.

Придружи ни се и биди дел од нашиот нов Мајорел тим во Македонија! Стани наш

Специјалист за корисничка поддршка

За работната позиција и обврски

  • Обезбедување висококвалитетна корисничка поддршка за нашите бизнис клиенти преку телефон, е-пошта и разговор
  • Работа со инфомрации и решавање на барања, поплаки на корисникот
  • Обезбедување решенија и предлози за бизнис клиентот да ја одржи ефикасноста во работните текови и да поттикне висок CSAT
  • Внесување и управување со податоци во различни алатки и апликации
  • Учество во сесии за дообука и евалуација на квалитетот
  • Заштита на лични информации, деловни информации поврзани со корисникот, бизнис клиентот и работодавачот
  • Навремено информирање за можните ризици, инциденти кои влијаат на нормалниот работен тек и обработката на податоците

Барања за работната позиција

  • Пријателски однос кон корисниците
  • Германски јазик на одлично ниво + многу добро познавање на англискиот јазик
  • Добри комуникациски и вештини за самоизразување
  • Пријателски тон на гласот
  • Искуството ќе се смета за плус

Што нудиме:

  • 46.271,00 МКД месечна нето плата
  • + атрактивен бонус за постигнати резултати (по 1-ви месец платен тренинг)
  • Целосно платен тренинг
  • 18.500,00 МКД бруто - бонус за добредојде
  • 24.600,00 ден надомест за годишен одмор
  • Бонус за препорака
  • 22 дена одмор
  • Приватно здравствено осигурување
  • Програми и обуки за развој на кариера
  • Програма за благосостојба (како што се: Спортски и настани за благосостојба и активности за добросостојба)
  • Флексибилен распоред и договор на неопределено со полно или скратено работно време, со 4 месеци пробен период
  • Меѓународна и мултикултурна работна средина.
  • Простор за релаксација и забава
  • Можност за скратено работно време

Веќе го создадовме нашиот прв тим во Македонија и продолжуваме понатаму со проширување на тимот во Мајорел. Пријавете се овде (ЛИНК) или преку емеил: [најави се за да го видиш е-маилот] и веднаш ќе стапиме во контакт со вас.

НАШИОТ НОВ ТИМ ВО МАЈОРЕЛ МАКЕДОНИЈА ВЕ ОЧЕКУВА ДА ВЕ ПОДДРЖИ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ, ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРО И РАСТЕТЕ!

ПРИДРУЖИ НИ СЕ!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »