Сениор Аналитичар во Контрола на квалитет

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Сениор Аналитичар во Контрола на квалитет

 

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • Факултетска диплома по фармација, хемија, технологија, биологија или сродна област.
  • Напредна диплома (магистерски, докторски, специјалистички студии се смета за предност)
  • Минимум 2 години работно искуство во лабораторија за КК
  • Одлично познавање на применливи аналитички методи и постапки
  • Одлично познавање на процеси за работа во фармацевтска лабораторија за контрола на квалитет, ДПП, ДЛП
  • Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.

 

 

Одговорности и работни задачи:

  • Координира активности кои спаѓаат во доменот на контрола на квалитет на влезни супстанции, амбалажа, меѓупроизводи и готови производи во согласност со барањата на ДПП.
  • Проверка на сертификати од анализа
  • Ги имплементира барањата на ДПП и ИСО
  • Ги координира активностите поврзани со евиденција на секој прием на аналит за контрола на квалитет
  • Ја следи стабилноста на финалните производи и изработува студии на стабилност
  • Активно учествува во развивањето на аналитичките методи и валидација на истите
  • Го контролира чувањето на контра примероци од извршени анализи
  • Проверува дали архивирањето на документацијата се спроведува согласно со воспоставениот Систем за управување со документација.
  • Го координира и проверува правилното функционирање и одржување на инструментите и лабораториската опрема.
  • Изведува периодични калибрации, квалификации и изготвува извештаи од спроведените активности.
  • Изработува упатства за работа со инструменти и лабораториска опрема.
  • Ги проверува безбедносните стандарди и чистота на лабораторијата
  • Врши обука на нови кадри во КК за спроведување лабораториски процедури и анализи

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Способност за самостојна и тимска работа со научен и технички персонал
  • Способност да работи под минимален надзор и можност за флексибилност кон обемот на работа врз основа на промена на приоритети
  • Самомотивиран, ориентиран кон детали и спремен да прифати дополнителни одговорности
  • Способност за критичко размислување и поседување вештини за решавање проблеми.
  • Одлични интерперсонални, вербални и писмени комуникациски вештини.

 

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »