Сметководител

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место: Сметководител за канцеларија во Скопје:

  1. Опис на работно место:

Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Книжење и организирање на одделни типови документи;
  • Kомуникација и преземање на документи од клиенти;
  • Одговорен за општа комуникација и навремено добивање на документи од клиентот;
  • Ги врши сите оперативни работи поврзани со сметководство – книжење и организирање на документи од клиентот;
  • Изработка на обрасци, кои се поднесуваат до надлежните институции (ДДВ пријава, ПДД-ГИ, НД и сл.);
  • Изработка на извештаи, побарани од менаџментот на фирмата;
  • Постапување согласно Програма за самоконтрола на книжење;

 

  1. Критериуми за работно место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности;
  • Уредност;
  • Одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став.

 

  1. Компанијата нуди:
  • Можност за напредок, раст и развој на професионално ниво;
  • Пријатна работна атмосфера во млад работен колектив;
  • Договор за вработување согласно законските прописи;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

 

Вашата професионална биографија и мотивационо писмо, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака „За работно место: Сметководител

Датум на огласот: 12.12.2018

Прием на апликации до: 21.12.2018

Огласот трае до 21.12.2018 година, а изборот ќе се изврши во рок од 30 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул.„Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје

 Контакт телефон: +38923233301

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »